ММФ: ИТНИ МЕРКИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И РЕФОРМИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА РМ

Сподели

megunaroden-monetaren-fond

Во завршнииот извештај за состојбите во Македонија, Меѓународниот монетарен фонд го посочи дефицитот на државниот пензиски фонд, кој е сериозен и ќе се зголеми за два пати ако не се преземат соодветни реформи. ММФ проблемот со одржливоста на фондот го гледа во ниските стапки за придонеси, стареењето на населението и намалувањето на работоспособното население. ММФ порачува дека се потребни итни мерки за долгорочна одржливост на фондот.

„Зголемување на законската возраст за пензионирање, ревидирање на растот на пензиите со трошоците на живот во согласност соземјите од ЕУ, реформи за зголемување на учеството на работна сила особено на жените, разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси“, стои во препораките.

Освен проблемите со ПИОМ, од ММФ во извештајот повикуваат на итна фискална консолидација, што значи намалување на дефицитот и стабилизрање на јавниот долг под 50 % од БДП. На среден рок доколку не се преземат соодвтени мерки, севкупниот дефицитќе остане на ниво од околу 3,4 %, при што јавниот долг би достигнал 55 % од БДП посочуваат од ММФ.

Претходно и Светска банка посочи за лошата состојба во која се наога Пензискиот фонд. Посочи дека дури 45% од парите се префрлаат од буџетот кон фондот за да исплаќаат пензии. Ако во 2008 од буџетот кон ПИОМ се префрлаа 165 милион евра, годинава за таа намена се исплатени 432,6 милиони евра, а за догодина сумата сз големува и од буџетот кон пиом ќе бидат префрлени 452,5 милиони евра.

Една од причините за влошената состојба на ПИОМ смета Светска банка е субвенционираните вработувања, модел преку кој работодавецот е ослободен од плаќање придонеси. А, анализите покажале дека дури 89 % од новоотворените работни места се со државна помош.