МНР: Да не се патува во Нигер поради влошената безбедносна ситуација

Сподели

 

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација, Министерството за надворешни работи (МНР) упати апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.

„Воедно информираме дека Министерството, преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер“, соопштија од МНР.

Истовремено, тие ги замолија македонските државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат македонската Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk.

Дополнително, македонските државјани може да се обратат и до МНР на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk.