МНР ги мапира македонските граѓани во Украина, вработените во амбасадата обезбедени

Сподели

 

Сите македонски државјани што се наоѓаат во Украина се мапирани и нашата амбасада во Киев ги има контактирано, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој денеска изјави дека во земјата остануваат 30 наши набљудувачи на ОБСЕ во рамките на Специјалната мониторинг мисија.

На македонските дипломати во Киев им се уплатени за три месеци однапред платите и киријата, поради страв од крахирање на тамошниот финансиски систем. Со ова се создадени сите услови за функционирање на нашата амбасада во Украина и во наредниот период.

Министерот Османи додаде дека повлекувањето на македонските набљудувачи од ОБСЕ од Украина, е поспецифично поради тоа што Северна Македонија е дел од претседавањето со ОБСЕ и треба да внимаваме какви пораки ќе испратиме во однос на мониторинг механизмите на Организација за безбедност и соработка на Европа.