Министерството за одбрана донесе одлука да го сведе бројот на средби со странки на минимум. Одлуката е донесена за да се елиминира секоја можност од ширење на корона вирусот.
Сите што имаат потреба за контакт со Министерството за одбрана, тоа можат да го направат на следните меил адреси и телефонски броеви:
dragan.karulovski@mod.gov.mk 02 328-2539
besim.hasalari@mod.gov.mk 02 328-2535
Доколку е неопходно да се одржи состанок со странки за да тече непречено работата на министерството, состанокот ќе биде организиран преку видео-конференциска врска.
Апелираме до нашите соработници да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе владата, да сториме се да го спречиме ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.