МОБ, „Словенечкиот стрип од класици до иднина – ретроспектива“, 23.јуни
Изложбата „Словенечкиот стрип од класици до иднина – ретроспектива“, ќе биде отворена вечерва во фоајето на Македонска опера и балет.
Свои дела ќе изложуваат словенечките карикатуристи Мики Мустер, Томаж Лавриќ, Зоран Смилјанич, Бернард Коле, Игор Рибич, Костја Гатник и Душан Кастелиц.
Изложбата се организира по повод на националниот ден на Република Словенија и 25-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу Словенија и Македонија.