Марија Калас – Час (ПРЕМИЕРА) – Теренс Мекнели 6.април
„Марија Калас – Час“ е драма, напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995год , презентирана како фиктивен мастерклас од оперската пејачка Марија Калас, пред крај на нејзиниот живот во 70-тите години. Застапени се инсерти од музиката на Џузепе Верди, Џакомо Пучини, и Винченцо Белини. Драмата за прв пат е изведена на Бродвеј 1995год. со ѕвездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд.
Оперската дива Марија Калас, гламурозна, смртно сериозна од една страна и со доза на сув хумор од друга, држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулиард Скул“во Њујорк. Зависно од настапот на студентите и моменталното расположение, повикано од сеќавањето на сопствениот живот, се однесува потполно непредвидливо.Вклучувајќи ги нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот на првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, кулминира со монолог за нејзиното саможртвување во името на уметноста.
Во 1996 год. претставата беше наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра драма.
Режија и превод: Урсула Хорнер
Избор на костими: Марија Пупучевска
Графички дизајн: Марија Ветероска
Светло дизајн: Васко Лисичов
НАСТАПУВААТ:
Марија Калас: Надежда Рубен
Корепетитор: Андреја Наунов
Софи де Палма: Марија Наумовска
Шерон Грехем: Александра Лазаревска
Антони Кандолино: Влатко Груевски
Декоратер: Зоран Данилов