Циклус ИН витрини во Францускиот институт, Отворање на изложбата „НОВИОТ БРАН“, 28. февруари
По повод 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, Францускиот институт во Скопје, во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ја организира изложбата „Новиот бран“.
Отворањето на изложбата се случува во предвечерието на месец март, во знак на отворање на месецот на Франкофонијата.
Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови, којшто и’ се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран.
Студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет преку нивните креации ќе го прикажат нивниот поглед кон овој феномен.
Тие работеа под менторство во на Лидија Георгиева, реномирана дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Три студентки, чијшто престој на Модната недела во Париз беше поддржан од Францускиот институт во Скопје, ќе ги споделат нивните искуства за време на овој престој.