Во мирно и демократско гласање, мнозинство од оние што го оствариле правото на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и нивниот европски пат.
-Сега сите политички и институционални чинители треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички ставови. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува и да и помага на земјата, на нејзините институции и на сите нејзини граѓани“, се вели во изјавата на Могерини и Хан.