„МојДДВ Моја Награда“: Со скенирани фискални сметки учество во наградна игра

Сподели

 

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки и учествуваат во мерката „МојДДВ“ од 25 ноември ќе бидат учесници во наградната игра „МојДДВ Моја Награда“. Предвидени се награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво и две главни награди. Фондот е 31 милион денари и сите награди се парични.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, тоа е унапредување на мерката мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.

“Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е еден вид унапредување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елементи кои ќе влијаат на финансиската писменост” – изјави министерката Ангеловска.

Наградната игра е на Министерството за финанси и Управата за јавни приходи, а ќе ја организира Државна лотарија на Македонија и ќе трае една година.