Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако во четири сета го совлада Карен Хачанов со 6:3, 6:2, 3:6, 6:1.
Концентрацијата му падна во третиот сет кој го загуби, но Надал е свесен дека имаше и грешки.
– Задоволен сум од мојот настап. Дефинитивно мојот најдобар меч откако се вратив на тенисот. Сè функционираше добро, но во третиот сет направив некои грешки. Мислам дека најголемата е тоа што се обидов да се вратам од основната линија. Сепак, во четвртиот ја сменив динамиката. Работите не можат секогаш да бидат совршени“, рече Надал.
Тој објасни дека не е задоволен од неговото движење од почетокот на турнирот.
– Не размислував многу за противникот. На првите два меча почувствував дека сум премногу далеку. Не можев да го покривам целиот терен, да го турнам противникот, си реков дека морам да се обидам да се вратам од основната линија и потоа се чувствував поживо и подинамично – додаде Шпанецот.
Тој беше прашан и дали некогаш помислил дека нема да се врати на професионалниот тенис, а потоа следеше емотивниот одговор на Шпанецот.
– Секој ден. Бев многу месеци на теренот, се обидував да излегувам секое утро, разговарав со тимот и немаше да можам да тренирам ни 20 минути. А потоа би тренирал два часа. Пробав различни работи. Тешко е, иако во текот на кариерата многупати сум бил во таа позиција. Различно е со повреда на стапалото. Одите во теретана секој ден без напредок и не знаете што ќе се случи. Многу е тешко психички – заврши Надал.
Во осминафиналето го чека Адријан Манарин кој со 3-1 во сетови го изненади Аслан Карацев. Натпреварот се игра рано наутро во 04 часот.
The post Молк на АО – Рафа Надал спомна крај на кариерата!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico