МОН доделува грантови во рамки на проектот „Градиме мостови“

Сподели

 

Министерството за образование во своето соопштение за пријавување на грантови известува дека оваа година сите градинки, основни и средни училишта ќе имаат можност да аплицираат за грантови од Фондот Градиме Мостови – “Building Bridges Fund”.

Фондот продолжува со лесниот пристап за грантови за општините, учениците, наставниците, родителите, училиштата и градинките кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици со цел да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната и предучилишната средина.

Од неговото воспоставување во 2014 година, Фондот овозможува заеднички активности кои ги вклучуваат заедниците во повеќе од 142 училишта низ целата земја. До сега до фондот се доставени 437 апликации, од кои поддржани се 68, опфаќајќи безмалку 30.000 ученици.

Фондот „Градиме Мостови“ е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а беше поддржан и од Владите на Ирска и Австрија. Моментално, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Соединетите Амеркански Држави, Италија и Словачка, покрај Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Од 2018 година во работата на Фондот се вклучи и Министерството за труд и социјална политика.

На новите генерации им се потребни меѓусебни мостови кои ќе им овозможат пристап до богатството и благодатите на различноста, особено во училиштата и градинките, кои би требало да ги подготват за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност, вели Министерството за образование и наука во соопштението.

Сите апликанти кои биле одбиени или финансирани имаат прилика повторно да аплицираат.

Подетални информации, како и формуларот за аплицирање се достапни за преземање од следниот линк.

Крајниот рок за аплицирање е 1 март 2020 година.