Москва најави заплена на имоти на САД и протерување американски дипломати

Сподели

Русија ќе им забрани да САД да ги користат сите складишта во Москва од 1 август, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Москва како одговор на американските санкции себеси си остава право на реципрочни мерки кои можат да влијаат на американските интереси“, стои во соопштението на руското МНР.

Oфицијална Москва ѝ забранува на американската амбасада да ја користи викендицата во Сребрно Бор, како и складиштето во улицата Дорожној.

Москва, исто така, бара од САД од 1 септември да го намалат бројот на дипломатите во Русија во согласност со бројот на руските дипломати во САД. Тоа значи дека вкупниот број на персонал во американските дипломатски и конзуларни претставништва ќе се намали на 455 лица.

– Носењето нов закон за санкции покажа дека односите со Русија станаа жртва на внатрешната политичката борба во САД. Освен тоа, новиот закон има цел да ги користи политичките инструменти, да создаде неправедна конкуренција за САД во глобалната економија“, стои во соопштението.

САД ќе бидат присилени да повлечат од Русија стотина дипломати, по денешната реакција на Москва, јавува агенцијата „Интерфакс“.

– Не зборуваме за десетина, туку за стотина дипломати и технички персонал кои се на дипломатски мисии во Русија – изјави извор на агенцијата, кој побарал да остане анонимен.
Од руското МНР наведуваат дека одредени кругови во Вашингтон сакаат отворен судир со Москва.

meta.mk