Гласањето се одвива тековно и досега нема информации за какви било неправилности на гласачките места, информираа од граѓанската асоцијација „Мост“.
Според информациите од нивните набљудувачи и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои „Мост“ има распоредено свои набљудувачи.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.
Граѓанската асоцијација „Мост“ изборите ги следи со повеќе од 1.000 набљудувачи.