#Можеме и сакаме здравје за Емилија

Сподели

 

Емилија Х. Костовска на својот ФБ профил упати апел до јавноста да ѝ се помогне со донирање на материјални средства за трансплатација на срце.

Износот не голем, изнесува 5.400 евра, па се замолуваат граѓаните или институциите да се вклучат во оваа хуманитарна акција.

Нека биде мото: #Можеме и сакаме здравје за Емилија.

Драги пријатели,
Моето име е Емилија Х.Костовска, имам 38 години и боледувам од “дилатациона кардиомиопатија “. Со други зборови моето срце е болно и слабо и единствен начин да го продолжам мојот живот е да се направи трансплатација на срце. Поради тоа потребни ми предтрансплатациски испитувања ,кои се прифатени во КБЦ Загреб на 6 ти февруари, но чинат 5.400евра кои за жал поради влошената здравствена состојба и предходните многубројни лекувања не сум во состојба да ги обезбедам. Овие испитувања ми носат надеж и можност за трансплатација на срце и продолжување на мојот живот. Семејството самостојно одлучува испитувањето да се изврши во клиника во Загреб,a вашата помош ќе ми значи огромна поддршка во битката за живот.
За сите хумани лица,
БРОЈ ЗА ДОНАЦИЈА :
ЗА VIP: 143 485
За Телеком : 143 120
Трансакциска сметка : 200002731961148 Стопанска банка
SWIFT : STOBMK2X
IBAN : MK07200003387434186

Ви благодарам од сѐ срце.