На 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.06.2024 во 23.40 часот на ул„101“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(20), А.К.(19), двајцата од Гостивар и К.Ж.(19) од с.Србиново, гостиварско, затоа што при преглед кај нив, кај А.З. биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.06.2024 во 15.00 часот на подрачјето на патот од с. Бањани кон манастирот Св. Илија, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(26) од с.Горно Оризари, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.06.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана, која се обидела да ја внесе во Казнено – поправна установа Затвор Идризово при посета на својот сопруг – осуденик во установата. Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а по целосно докуемнтрање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.06.2024 на ул.„Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Т.(28), З.Б.(30) и Х.Т.(28), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај К.Т. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја и други предмети со остатоци од наркотична дрога. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 09.06.2024 во 09.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Ш.Е.(20) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 113 возачи, од кои 43 за возење без возачка дозвола, три санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 26 мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 09.06.2024 во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ќ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Извршен бил увид на увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (10.06.2024) во 04.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 09.06.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 16.00 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, И.М.(22) од с..Мала Речица, тетовско, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 09.06.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, Р.К.(22) од Струмица пријавил дека на ул. „Ѓорѓи Пешков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.06.2024 во 05.00 часот во Полициската станица Карпош, В.С.(40) од Скопје пријавил дека во Градски парк Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.06.2024 во 12.20 часот во Полициската станица Аеродром,, Р.С.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.