Музеј на современа уметност, Скопје танцов театар – Отворање на сезона 2019/2020 , 9. октомври
Во соработка со Музејот на современа уметност од Скопје.
Концепт и кореографија:Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин
Импулс#вол13 /1
Кореографија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Дизај на простор: Матеа Мијановиќ
Импулс#вол13 /2
Кореографија и концепт: Дејан Битровски
Импулс#вол13 /3
Концепт: Адријана Данчевска и Ивана Мојсовска
Настапуваат: Анастасија Данчевска (Скопје танцов театар), Сара Цветковска, Бобан Русески, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Исидора Краљевска, Дамла Пинар Башар, Борис Богдановски (студенти на Катедра за современ танц при УГД).
Afterparty: SOUL CASE
Влез слободен
——————————————————————
СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР, основан во 2011 година, е првата официјална компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како оснивач и уметнички директор. Компанијата во континуитет, активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена. Работата на овој театар промовира нова естетика кај нас и се бави со истражување и продукција во областа на современиот танц.
Скопје танцовиот театар во изминативе девет сезони има повеќе од триесет продукции, покрај делата на Рисима Рисимкин, се изведуваат дела на младите, веќе афирмирани кореографи: Адијана Данчевска, Матеа Киселичка, Дејан Битровски и др., како и на гостите-кореографи: Џенис Бренар и Шон Скантелбјури од Њујорк, САД; Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун и Тим Персент од Холандија; Катцура Кан од Јапонија; Антон Рудаков од Германија; Антонело Тудиско од Италија. Скопје танцовиот театар во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, обезбедува пракса за студентите на Катедрата за современ танц, која е единствена во земјава, по својата програма за продукција на современи танчери, која се одвива во соработка со Ротердамската академија за танц од Холандија.
Скопје танцовиот театар има остварено повеќе гостувања, низ Македонија, како и во странство, и тоа во: Хрватска на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, (2011); Саем за танц, Дизелдроф и Културбункер во Келн, Германија (2012); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија, (2013); “Meet in Beijing”, интернационален фестивал во Пекинг, Кина, “Open stage program“ во Хаг и Ротердам, Холандија (2015), “Share” фестивалот, во Братислава, Словачка (2017) и на „Културната сезона“ во Чуанџо, Кина на фестивалот „Mariytime Silkroad Festival“. На 09 и 10 фебруари 2018 година, Скопеј танцовиот театар гостуваше со претставата „КОЖА“ на најзначајниот фестивал за танц во Европа, „Holland Dance Festival“, а во август 2018 година, учествуваше и го затвори 37-то издание на фестивалот Battery Dance Festival во Њујорк, САД. Во октомври 2018 година Скопје танцовиот театар настапи на Фестивалот за танц на Пекингшката академија за танц со кореографијата „Егзистирање“.