МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност „CIMAM“

Сподели

 

Музејот на Современа Уметност во Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност (CIMAM) во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.

 

 
Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото Стакло“, беа препознаени од страна на CIMAM – Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност, изјави Мира Гаќина, директорка на МСУ – Скопје.
 
CIMAM е единствената меѓународна заедница која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и која ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа дејност.
 
Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот.