МТСП: Извршени две исплати на социјална парична помош и туѓа нега во септември  

Сподели

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја информираше јавноста дека во насока на остварување на заложбите за одговорно работење и враќање на парите кај граѓаните од септември 2017 година е воспоставена редовна динамика на исплата на правата за социјална парична помош и паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, популарно наречената-туѓа нега.

Со ова се исправа една неправда врз дел од најранливите категории граѓани во Република Македонија, која датира уште од 2011 година.

– ,,Во 2011 година на граѓаните кои што примале социјална помош и туѓа нега им е украдена една исплата. Наместо за правата кои што требало да ги остварат во ноември за туѓа нега и за социјална парична помош да добијат исплата во месец декември, таа ја добиле во јануари 2012 година. Со ова се случува скратување на еден месец во исплата на правата. Со ова биле оштетени повеќе од 30 илјади граѓани, со вкупна сума од над 240 милиони денари. Парите ги враќаме кај граѓаните. Министреството за труд и социјална политка овој месец направи две исплати на социјална парична помош и правото на туѓа нега. На 1 септември граѓаните добија една исплата, онаа која што е задоцнета, и сега на 14 септември имавме втора исплата, во истиот месец, со цел да ја исправиме неправдата која што пред шест години им била направена на најранливите категории на граѓани. За оваа задоцнета исплата, со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 200 милиони денари. Ова не е единствен пример со кој се правел удар токму врз грбот на најранливите категории во изминатите 11 години. Практиките се менуваат и институциите работат само во интерес и грижа за граѓаните. Начинот на кој се грижиме за најранливите е огледало и на самите нас, и индивидуално, и колективно,’’ -изјави Царовска