Министерството за труд и социјална политика ги задолжи сите органи на државна управа, а им препорача на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа, да ги ослободат од работа до петок вработените во поплавените подрачја, односно оние кои живеаат во Стајковци и Сингелиќ.
Исто така им се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја односно во населените места Стајковци и Сингелиќ, се вели во соопштението од МТСП.