Мултимедијален настан на ЦИВИЛ во Куманово за мир и ненасилство

Сподели
ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со Општина Куманово, денеска, 8.мај, организира мултимедијален настан „Заедно за иста цел“ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ Куманово, со почеток во 12 часот, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.
Мултимедијалниот настан е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Куманово, локална самоуправа и полицијата, за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација против насилниот екстремизам.
Околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Куманово    учествуваа во креативната работилницата што се одржа на 2 мај во Гимназијата „Гоце Делчев“ преку боите, симболите и пораките, ги споделија своите мисли и доживувања за човековите права и слободи, мирот, ненасилството и безбедноста.
Делата на учесниците во работилницата, заедно со сите што учествуваа на ликовниот конкурс „Заедно за иста цел“ ќе бидат дел од изложбата на мултимедијалниот настан.
Мултимедијалниот настан ќе биде проследен со видео проекции, музика, сценски настап на учениците од гимназијата и доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби.
Свои обраќања ќе имаат и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, како и претставници на ЦИВИЛ и СВР Куманово, Оддел за превенција.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.