Вечерва во 20 часот, во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на стрип насловена „Вршац – Панчево – Скопје“.
На изложбата ќе се претстават седум автори и авторки од Македонија и Србија, кои беа учесници на стрип-работилницата што во рамките на Креативните викенди се одржа минатата година во Лазарополе.
Од Македонија се поставени околу десетина стрип табли и цртежи, а изложуваат Александар Зограф, Данило Милошев Восток, Миле Ничевски, Горан Дачев и Атанас Ботев.
Гордана Баста изложува серија на уникатни везови направени според заедничките цртежи на повеќе стрип цртачи од различни земји, а ќе бидат изложени и везови направени според заеднички цртеж на учесниците на работилницата во Лазарополе. Злата Војниќ Кортмиш (а.к.а Zlata VK) сними документарец од Креативниот викенд, што ќе биде прикажан вечерва, како и нејзиниот филм за контроверзниот настан поврзан со стрип книгата „Робусто“.