Музичкиот ансамбл – Тетово ќе одржи концерт

Сподели

Во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово  утревечер (23 ноември) во 19:00 часот, НУ Музички ансамбл на РС Македонија – Тетово ќе се претстави со празничниот концерт „Под ноемвриските звуци“, со кој ќе се одбележат ноемвриските празници на албанскиот народ. На сцената ќе се претстави симфонискиот оркестар под водство на диригентите Агона Чупи и Премтим Етеми, како и познатите солисти: Бесарта Муртезани, Јетмир Реџепи, Леотрим Зејнула, Дајана Малолари Пајазити и Бетим Шабани. На репертоарот ќе бидат дела од познати албански композитори, делови од опери и арии.

Од НУ Музички ансамбл на РС Македонија – Тетово информираат дека со овој концерт ќе се чествуваат најголемите празници на албанскиот народ: 22 Ноември – Денот на албанската азбука и 28 Ноември – Денот на албанското знаме. Влезот за концертот е бесплатен.