МВР: 24 часовен Билтен

Сподели

 

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера (24.09.2023) во 19 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, со судска наредба, го привеле 54-годишниот тетовец Р.М, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Денеска (25.09.2023) во 01 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода Б.Ш.(36) од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2023 во 16.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2023 на патот Битола – Демир Хисар, кај с.Црнобуки, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола ги  лишиле од слобода В.И.(22)  од с.Белче и Т.С.(40) од с.Единаковци, демирхисарско, затоа кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 24.09.2023  на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода П.В.(19) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 24.09.2023 околу 19.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода В.Г.(69) од Гевгелија. Тој се сомничи дека околу 18.50 часот пред влез од заедничката куќа во Гевгелија, поради судски спор околу нерасчистени имотно-правни односи, со пиштол пукал кон неговите брат и снаа, Л.Г. (71) и Т.Г.(62), кои починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и од него е одземено оружјето со кое го извршил делото. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија. Во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 362 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 209 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 153 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Во текот на изминатиот викенд (23/24.09.2023), полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 120 возачи, од  кои 60 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 за управување возило без возачка дозвола.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 114 возачи, меѓу кои 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

Вчера (24 септември) од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за непрописно престигнување, во која биле откриени и санкционирани вкупно 47 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-35). Санкционирани се и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои зависно од направениот прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. Оние кои престигнувале на „полна линија“, на непрегледна кривина или во колона, а за кои согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба од 250 евра, ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

На 24.09.2023 во 15.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на  патот Битола – Демир Хисар, кај место викано „Шуклов мост“, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(66) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 25.09.2023 околу 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Седек Костовски“ во Гостивар патничко возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот М.О. од гостиварски Дуф,  излетало од коловозот. Во несреќата М.О се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Вчера (24.09.2023) околу 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-Фалише се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“, управувано од 40-годишната М.Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, што го управувал 60-годишниот Џ.А од тетовски Порој и трактор, управуван од 70-годишниот тетовец С.А., сите со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 24.09.2023 во 12.40  часот во ОВР Делчево било пријавено дека на патот Делчево –  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74), управувајќи мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди С.С. починал, а лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 24.09.2023 во СВР Битола, О.Л.(56) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.

На 24.09.202 во 22.00  часот во Полициската станица Кичево, Л.М.(35) од Кичево  пријавила дека во с.Другово била касната од куче скитник.