На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.05.2024 во 00.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05,05.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Д.М.(57) од село Долни Дисан, неготинско, поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово каде што издржувал затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
На 05.05.2024 во 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Ј.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 18.30 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.Н.(25), М.Ч.(25) и В.К.(26), сите од Неготино, затоа што во нивна близина била пронајдена марихуана, која ја фрлиле откако ги забележале полициските службеници. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 17.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ш.Б.(32) од Косово, со живеалиште во с.Инџиково, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На 05.05.2024 околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
На 05.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.К.И.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 05.05.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.Ј.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.05.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, П.П.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Љубо Петорвиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.