МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 01.06.2024 полициски службеници од ОВР Неготино, со наредба од Основен суд Неготино, извршиле претрес во домот на Ќ.С.(29) во село Корешница, неготинско. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, како и маневарски куршуми калибар 7.62мм, кои биле одземени од неговиот татко М.С.(51), додека К.С. не бил дома. Со М.С. бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека куршумите се негови, а при извршена проверка било  констатирано дека ги поседува без дозвола. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 01.06.2024 во 10.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.06.2024 година во 15.35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З.(56) од Гостивар. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“, казниво по член 235 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за управување под дејство на алкохол…

На 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“, ул.„Есперанто“ и локален пат за с.Романовце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Д.(24) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, управуван од С.О.(21) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоцикл, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 01.06.2024 во 09.40 часот во ОВР Струга, било пријавено дека на ул.„Пабло Неруда“ во Струга патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 01.06.2024 во 07.40 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Пехчево товарно возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(64), удрило во пешакот А.В.(66), двајцата од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Пехчево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

На 01.06.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Центар, С.С.(42) од Охрид пријавила дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.06.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(47) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.