МВР 24 часовен Билтен

Сподели

Денеска (15.11.2024) во 00.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ. (40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.11.2024 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.11.2024 во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.11.2024 во 16.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ж.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.11.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 14.11.2024 во 07.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(54) од Кичево, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Ѓ.(72) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На 14.11.2024 во 08.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(20) од с.Пирок, тетовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.О., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 14.11.2024 во 10.20 часот во ОВР Гостивар, Р.М.(60) од Гостивар пријавил дека во с.Долна Бањица, гостиварско, бил каснат од куче скитник.

На 14.11.2024 во 10.30 часот во СВР Битола, С.Б.(54) од с.Цапари, битолско, пријавила дека во с.Цапари била касната од куче скитник .