МВР 24 часовен Билтен

Сподели

Денеска (22.12.2024) во 01.50 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (22.12.2024) во 02.20 часот во Скопје пред угостителски објект на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.12.2024 во 18.30 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Х.(46) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (22.12.2024) во 00.50 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Р.(29) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (22.12.2024) во 03.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле М.И.(39) од с.Синѓелиќ, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.12.2024 во 01.55 часот полициски службеници од СВР Битола во ноќен клуб во Битола го лишиле од слобода И.Т.(24) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена  прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 21.12.2024 во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(42), удрило во пешакот М.А.(41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, С.Р. е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 21.12.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 21.12.2024 во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на  магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 21.12.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на локалниот пат с.Стубол-с.Барбарево,  на место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј., констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

На 21.12.2024 во 20.15 часот во ОВР Кавадарци, Љ.Р.(24) од Кавадарци, пријавила дека на улица „Божо Димов“ во Кавадарци, била касната од куче скитник.

На 22.12.2024 во 00.30 часот во Полициска станица Велес Т.Л.(49) од село Раштани, велешко, пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес, бил каснат од куче скитник.