МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 12.01.2025 во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.З.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

На 12.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Ј.(32), Г.Н.(36) и Ѓ.М.(29) од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

На 12.01.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(27) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 12.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.С.(38) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Љ.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода И.К.(53) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
На 13.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.