На 04.02.2024 околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.А.(39) од Илинден – Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2024 во 13.00 часот на место викано „Вештачко eзеро“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при бесправна сеча на дрва и кај него биле пронајдени запрежна кола натоварена со огревно дрво и моторна пила. Притоа, тој ги попречувал полициските службеници при вршење на службените дејствија. Пронајденото било одземено и предадено на Шумска полиција, а Н.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (4 февруари) околу 14.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово го привеле А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 04.02.2024 во 23.10 часот во паркот Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(18) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.02.2024 во 20.20 часот на ул.„Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Д.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (04.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 711 возачи. Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место.
Вчера (4 февруари) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, а во која биле изречени вкупно 158 мерки (ТЕ-120 и ГВ-38). При контролата биле откриени и санкционирани 119 возила, односно возачи (ТЕ-81 и ГВ-38) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив, 6 возачи (ТЕ-2 и ГВ-4) пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 31 (ТЕ-18 и ГВ-13) за повеќе од 50 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 39 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-3). На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. На оние кои пречекориле за над 50 и 70 километри на час, во или надвор од населено место, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои 58 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за управување под дејство на алкохол…
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 31 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за управување без возачка дозвола …
На 04.02.2024 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 18 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 04.02.2024 година во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Медицински центар Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 04.02.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Велес, Т.Ј.(52) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 04.02.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Денеска (05.02.2024) во 00.10 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б.(47) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.