МВР: 40 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата низ целата држава, на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за
самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.