МВР: 975 прекршоци за не носење лична заштита на лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека 6 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.