Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потпиша договор за донација со неговиот колега од Република Чешка, Јан Хамачек.
– Преку Договорот за користење на финансиската донација од речиси еден милион евра, ние продолжуваме во насока на реализирање на заедничките цели, а тоа се високите и квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – рече Спасовски.
Покрај финансиската помош, веќе неколку години полициски службеници од Република Чешка и помагаат на нашата полиција на јужната граница.