МВР и ОЈО истражуваат кој помогнал во бегството на обвинетите разузнавачи

Сподели

Широка логистичка мрежа стои зад бегството на агентите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, тврди министерот за внатрешни, но не открива кој помогнал да излезат од земјава без да бидат забележани. Неофицијално се работи за најмалку десет лица кои биле вклучени во сценариото за бегство на двоецот од УБК.

„Имаме многу податоци вооднос на ова, заедно работиме со обвинителството меѓутоа тоа се информации кои не се споделуваат со јавноста во оваа фаза“, вели Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Спасовски смета дека нема простор двајцата разузнавачи да се пазарат со грчките тајни служби иако со години нелегално прислушувале цела држава, како што тврди Специјалното обвинителство. Јавноста за нивната работа слушна кога биле објавени бомбите, вели Спасовски.

„Што работеле тие 10 години јавноста дозна преку „Вистината за Македонија“ веќе нема тајни. Тие единствено нешто што правеле преку овој систем кој што треба да се докаже, а веќе имаме и пресуда дека тоа правеле преку МВР е злоупотеба на човековите права во Република Македонија“, вели Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Грујевски и Бошкоски ги поминуваат деновите во екстрадиционен притвор во близина на Солун. Таму ќе останат најмалку до први декември за кога е закажано и рочиштето во судот во Грција, каде треба да им се суди за лажните пасоши со кои сакале да го напуштат аеродромот во Солун.

Во меѓувреме, процедурата за екстрадиција е заглави во Кривичниот суд, каде неколку дена се комплетира потребната документација која треба да биде испратена го грчките власти.

Разузнавачите од УБК беа уапсени како Христо Атанасов и Неџби Хасан на 18-ти месецов, по потрагата која ја водеше Интерпол. Судењето во Солун два пати беше одложувано, бидејќи немало преведувач на македонски јазик. Грујевски и Бошкоски се појавија во судот со капи во обид да се сокријат од медиумите, а судницата внатре ја делеа со педесетина мигранти на кои им се судеше за неисправни документи.