МВР: Изработени над 35 илјади лични карти чекаат на подигање од граѓаните

Сподели

 

 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството (онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи) и да си ги подигнат. Имено, во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните – соопштуваат од МВР.