Во текот на вчерашниот ден, МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи.
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
Исто така, во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола и за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло… Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола. За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.