МВР одбива политички субјекти да го инволвираат во настаните во ИВЗ

Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави и од едната и од другата страна (од седиштето на Исламската верска заедница, од луѓето на Сулејман ефенди Реџепи, а другата од луѓето на Скендер Бузаку), полициски службеници се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa – стои во соопштението од МВР.