МВР пред Сити мол со превентивна акција за заштита од вирусот “Ковид 19“

Сподели

 

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во соработка со  “Скопје Сити Мол“ пред влезот на овој трговски објект реализираше превентивна акција во рамки на кампањата за заштита од вирусот “Ковид 19“.

 

 

Кампањата имаше за цел да се потсетат граѓаните на стриктно  почитување на пропишаните  протоколи од Комисијата за заразни болести, особено носењето заштитна маски, а во контекст на започнување со работа на трговските центри и обложувалниците.

 

 

Инаку со оваа проектна активност Одделението за превенција планира да ги опфати сите трговски центри на подрачје на Град Скопје, спортските обложувалници, а корисниците ќе се информираат за потребата од придржување согласно протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

 

 

Од страна на полициските службеници на граѓаните им се делеа заштитни маски и ракавици обезбедени од правните субјекти кои стопанисуваат со наведените објекти со укажување дека доколку не се придржуваат кон препораките ќе бидат санкционирани.Министерството за внатрешни работи апeлира го граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата и да користат  соодветна заштитна опрема со цел заштита на сопственото здравје.