МВР разбива криминални групи кои криумчарат мигранти

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во соработка со Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство во рамки на спречувањето на криумчарењето мигранти на територијата на Република Македонија, во моментов спроведува обемна акција на повеќе локации низ земјава за откривање и сузбивање на криминални групи и илегални мигранти.

По завршувањето на оперативните активности, МВР детално ќе ја информира јавноста за  резултатите oд акцијата.