Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни
работи Скопје преземени се мерки и активности и од сообраќај се
исклучени 12 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возила под
дејство на алкохол и шест возачи затоа што управувале возила без да се
стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени
од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се три возачи поради поминување на крстосница на
црвено светло и три возачи поради недавање првенство на минување на
пешаци. Во текот на изминатите денови 162 возила се подигнати со
специјално возило „пајак” – соопштуваат од МВР.