МВР: Во протестите пред Собранието повредени се 7 полицајци и приведени 25 лица

Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец.

Повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.