МВР: За време на полицискиот час, 43 лица не ја почитувале забраната за движење

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки – соопштуваат од МВР.