Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза), информираат од Министерство за здравство..
“Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин.
Граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје апелираат од министерството. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19.
Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес”- информираат од Министерството за здравство.