МЗ: Отворена е „Родителска куќа“- за родители чии деца се на подолг престој во болница

Сподели

Министерот Венко Филипче денеска ја отвори „Родителската куќа“, која е наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница. Родители кои не живеат во Скопје, каде се наоѓа единствениот центар за лекување на малигни заболувања кај деца.

„Среќен сум што со „Родителската куќа“ ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје, да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение. Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднините, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом. Но, исто така, родителите ќе имаат и психолошка поддршка која е најважна за нив во тие моменти“, потенцираше министерот Филипче.