Попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која Министерството за здравство ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.
Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, соопштуваат од Министерство за здравство.