„Екоцентар 97“ е фирмата која се грижи за отстранување на опасните хемикалии од фабриката ОХИС.
Според МЖСПП, тендерот за чистење на опасната хемикалија од кругот на некогашната хемиска фабрика која сега е во стечај бил распишан од страна на стечајниот управник на ОХИС, по налог на доверителите на оваа фабрика во стечај, а не на Министерството.
На официјалната страна на МЖСПП е наведен Елаборат за заштита на животна средина за проект Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД Охис-Скопје.
Директорот на „Екоцентар 97“ Владо Момировски кој се грижи за отстранување на опасните хемикалии од фабриката ОХИС и фирма која го чистеше опасниот материјал пред неколку дена, истакна дека во фабриката има уште 11 видови на отпад, од кои два се од опасен вид, и може да предизвика хаварија на ниво на Град Скопје.
„Се работи за 11 видови отпад, распоредени една од друга повеќе од километар и пол. Во тие 11 видови спаѓаше хлорот и виниум хлорид. Хлорот е веќе отстранер, другите девет се спакувани и подготовени за извоз. Во процедура е дозволата која ја чекаме, и потоа ќе биде изнесена со крајна дестинација Швајцарија“, рече Момировски.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини претходно изјави дека сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот во „ОХИС“.
– Инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаме анализите од лабораторијата за да видиме дали има преостанат ризик. Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, изјави Нуредини.