На 1 декември, Меѓународниот ден за борба против СИДА, Платформата за ХИВ повикува на протестен марш со кој би го изразиле незадоволството од донесувањето на скратениот буџет за националната програма за ХИВ. Со овој протестен марш тие сакаат да им дадат поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и да оддадат почит на лицата кои ги изгубиле животите од СИДА.
Зборно место е Паркот на новинари од 11:30 часот, по што маршот ќе продолжи пред Министeрствотo за здравство и Плоштад „Македонија“.
„Ве повикуваме да го поддржите нашиот протестен марш, да ја информираме гласно јавноста и донесувачите на одлуки зошто е важно да се обезбедат средства за програмите за превенција на ХИВ и што значат тие програми за лицата на кои најмногу им се потребни“, се вели во повикот за протестниот марш.