На бизнисмените што бараат помош, Борисов им ги објави луксузните автомобили

Сподели

 

Премиерот Бојко Борисов уште минатиот месец ги повика сопствениците на големите компании да ги продадат своите луксузни автомобили и јахти, наместо да бркаат работници и да бараат државна помош.

Доколку газдите на компаниите во земјата можат да возат луксузни автомобили, тогаш сигурно оваа криза нема да претставува проблем за нив. Бугарскиот премиер дури и прочита листа на луксузни автомобили кои се возат во државата и ја шокираше нацијата – порача Бојко Борисов.

„Денес во сиромашната Бугарија има три Бугати автомобили како што вози Роналдо“, изјави Борисов и додаде: „Има 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, речиси 4000 Јагуари и речиси 5000 Порше автомобили“.

Според Борисов, ако бизнисмените сакале да ги задоволат своите вработени, можеле да намалат од 80-те Ролс Ројс луксузни автомобили.

Бугарскиот премиер го објави списокот по средбата која ја имаше со организациите на тамошните работодавачи, на која тие побарале зголемување на државната помош за справување со кризата.

 

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2727679624126757/