На младата искушеничка – Леонард КОЕН

Сподели

 

Оваа неизискувачка љубов
купена со нашите
тетерави раѓања –
ти во својата генерација,
јас во својата.
Не сум тој
што го бараш.
Не си онаа
што престанав да ја барам.
И како само слатко
времето се лишува од нас
додека чекориме рака под рака
преку Мостот на Деталите:
Твојот ред за сечкање.
Мојот ред за готвење.
Твојот ред да умреш за љубов.
Мојот ред да воскреснам.