На најскапиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен му се заканува затвор поради слики од Лас Вегас!

Сподели

Францускиот репрезентативец и дефанзивец на Баерн, Лукас Ернандез лесно би можел наскоро да се најде во затвор.

Ернандез нема многу време да го реши проблемот, односно се надева дека судот ќе ја прифати неговата последна жалба.

Французинот го следи овој проблем од Шпанија, каде играше за Атлетико Мадрид. Судот во Мадрид бара од ѕвездата на Баерн доброволно да се пријави во полиција за прекршување на забраната за приближување кон поранешната девојка.

Двајцата ја прекршија забраната за приближување едни на други за време на патувањата во САД, поточно во Мајами и Лас Вегас, за кои објавија и заеднички фотографии.

Фудбалерот и неговата девојка добија забрана за пристап со судска одлука поради претходен физички конфликт.

Ако ова беше првиот прекршок на Eрнандез, можеби нема да има некои поголеми проблеми, но бидејќи ова е трет престап од ваков вид, сите негови жалби беа одбиени, па на 19 октомври, судот во Мадрид може да го осуди на шест месеци затвор.

По 19 октомври, Французинот има рок од 10 дена да се пријави во полиција, доколку не го стори тоа, ќе биде уапсен.

Лукас Ернандез пристигна во Баерн во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра, што е рекордна компензација што Баерн некогаш ја платил за играч.

Тоа е исто така рекорд во Бундеслигата. Инаку Лукас е брат на Тео Ернандез кој настапува за Милан.

The post На најскапиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен му се заканува затвор поради слики од Лас Вегас! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico