МЗ: Комплетно реновирани одделенијата на нефрологија

Сподели

 

На Клиниката за нефрологија целосно реновирани одделите за интензивна нега, трансплантација, дијализа и васкуларни пристапи, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. 

 

 

“Извршено е комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Набавена е и нова медицинска опрема и со ова значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања.”